• недела, 30 јуни 2024

СЗО: Во Газа има вода, струја и гас за 24 часа пред „вистинската катастрофа“

СЗО: Во Газа има вода, струја и гас за 24 часа пред „вистинската катастрофа“

Газа, 16 октомври 2023 (МИА) - Светската здравствена организација денеска издаде предупредување во кое се наведува дека во Појасот Газа има вода, струја и гориво само за 24 часа, пред да се случи „вистинска катастрофа“.

Регионалниот директор на СЗО, Ахмед Ел Мандари, рече дека на конвоите со помош кои моментално се заглавени на граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет, мора да им се дозволи да стигнат до погодената територија.

„Доколку не пристигне помош, лекарите ќе мора да подготват потврди за смрт за своите пациенти“, рече Ел Мандари. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан