• недела, 22 декември 2024

СЗО: Без нови договори за борба против пандемии, на удар ќе бидат идните генерации

СЗО: Без нови договори за борба против пандемии, на удар ќе бидат идните генерации

Женева, 22 јануари 2024 (МИА) - Земјите-членки ризикуваат да го пропуштат мајскиот рок за постигнување обврзувачки договор за борба против пандемии, што би било голем удар за идните генерации, предупреди денеска генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус.

Новиот договор и унапредување на постојните правила за справување со пандемии ќе имаат за цел да ја поддржат глобалната одбрана од новите патогени по пандемијата на Ковид-19, која уби повеќе од седум милиони луѓе, според податоците на СЗО.

- Мора да кажам дека сум загрижен што земјите-членки можеби нема да се состанат за да се заложат за решавање на отворените, нерешени прашања, рече Тедрос за време на обраќањето на состанокот на извршниот одбор на СЗО во Женева оваа недела.

Според него, непостигнувањето на нов договор и усвојувањето на измените на Меѓународната здравствена регулатива (МЗП) ќе биде пропуштена шанса што идните генерации нема да можат да ја простат. ссм/

фото: архива

Остани поврзан