• среда, 11 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Се урна хеликоптер во близина на грчкиот остров Самос

Се урна хеликоптер во близина на грчкиот остров Самос
Атина, 13 јули 2022 (МИА) – Хеликоптер, кој веројатно учествувал во гаснење на пожарот на грчкиот остров Самос, попладнево се урна во море, јави дописничката на МИА од Атина. Според првичните информации станува збор за изнајмен хеликоптер од типот Ми-8  со тројца или четворица членови на екипажот. Веќе е започната спасувачка акција за пронаоѓање на членовите на екипажот. ср/паг/

Остани поврзан