Се урна покрив на спортски комплекс во Санкт Петербург (ДПЛ)
- Покривот на спортскиот и концертен комплекс „Петербургски“ во рускиот град Санкт Петербург се урна за време на демонтажа. Под урнатините веројатно има едно лице, објави ТАСС.

Санкт Петербург, 31 јануари 2020 (МИА) - Покривот на спортскиот и концертен комплекс „Петербургски“ во рускиот град Санкт Петербург се урна за време на демонтажа. Под урнатините веројатно има едно лице, објави ТАСС.
При демонтирањето на ппокривот на комплексот дошо до уривање на конструкцијата. Се претпоставува дека под урнатините има еден работник, а спасувачки екипи на Министерството за вонредни ситуации вршат потрага.
Работникот кој се наоѓал на покривот веројатно не успеал да се фати за градежната опрема и паднал заедно со конструкцијата. гт/