• недела, 22 декември 2024

Се урна покривот на аеродромот во Њу Делхи, еден загинат, летовите откажани

Се урна покривот на аеродромот во Њу Делхи, еден загинат, летовите откажани

Њу Делхи, 28 јуни 2024 (МИА) - Покривот на меѓународниот аеродром „Индира Ганди“ во индиската престолнина Њу Делхи се урна во петокот под силен дожд и ветрови. Едно лице загина, а летовите се откажани, објавија официјални лица.

- Целиот терминал, еден од трите на најпрометниот аеродром во земјата, е евакуиран и наредена е истрага за колапсот. Неколку лица се повредени, изјави индискиот министер за авијација Кинјарапу Рамохан Наиду.

Педесет домашни летови се откажани или одложени, според платформата за следење летови Flightradar24.

- Осуммина повредени се пренесени во болница, изјави Атул Гарг, директор на противпожарната служба во Делхи.

Околу 148,5 милиметри дожд паднаа во областа на аеродромот во текот на три часа, што е повеќе од просекот за цел јуни, според Индискиот метеоролошки завод.

Многу други делови на Њу Делхи исто така беа поплавени, а автомобили беа заглавени во водата висока околу еден метар. паг/

 

 

Остани поврзан