Се урна надвозник во изградба во близина на грчкиот град Патра, во тек спасувачка акција
- Во тек е спасувачка акција на противпожарната служба на Грција во близина на грчкиот град Патра, откако од засега непознати причини, се урнал мост под изградба, а неофицијално под мостот имало луѓе, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 23 јули 2023 (МИА) – Во тек е спасувачка акција на противпожарната служба на Грција во близина на грчкиот град Патра, откако од засега непознати причини, се урнал мост под изградба, а неофицијално под мостот имало луѓе, јави дописничката на МИА од Атина.
Според грчките медиуми, станува збор за надвозник кој од 2021 година е затворен поради поправки, а веројатно постојат повредени и заглавени граѓани. ср/сд/