• среда, 14 мај 2025

Се уредува штипската  населба Стар Конак

Се уредува штипската  населба Стар Конак

Штип, 22 април 2025 (МИА) - Започна уредувањето на една од најстарите населби во Штип, Стар Конак. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска изврши увид во градежните работи и изјави дека просторот ќе биде поплочен со коцка, а претходно на оваа локација се работеше на промена на водоводната и канализациона мрежа. Издвоени се околу 1.600.000 денари  од буџетот на Општина Штип и се очекува уредувањето да биде готово во наредните неколку дена.

-Деновиве започнуваме со уредување на една од најстарите градски населби, тоа е Стар Конак. Овде плоштадот, каде претходно на него се работеше, како и промената на водоводната линија денеска започнува да се уредува. Ќе се поплочува со соодветна коцка. Некаде околу еден милион и 600 илјади денари се одвоени од буџетот на Општина Штип и верувам дека во наредните денови, оваа површина ќе биде уредена и ќе добие поубав изглед, рече Јорданов.

Тој потсети дека сите улици кои се работат на територија на Општина Штип во прва фаза  се врши промена на водоводната и канализациона мрежа, пред да бидат асфалтирани и целосно уредени.

-Ова е една од најстарите населби, доста значајна за нашиот гСе уредува штипската  населба Стар Конакрад, но во минатото многу малку е свртено внимание од страна на локалната самоуправа. Ме радува што еве конечно влегуваме со одредени активности да биде соодветно истретирана, изјави Јорданов.

Во меѓувреме се работи на неколку проекти низ населбите во Штип. вдј/дма/

Фото: МИА  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан