Се уредуваат патеките и детското игралиште покрај велешко езеро „Младост“
- Екипи на ЈКП „Дервен“ продолжуваат со активности за уредување на пешачката патека долж езерото „Младост“, како и на детското игралиште.

Велес, 11 мај 2022 (МИА) - Екипи на ЈКП „Дервен“ продолжуваат со активности за уредување на пешачката патека долж езерото „Младост“, како и на детското игралиште.
Изминатата недела се исчистени и уредени пристапните патеки и летниковците покрај езерото „Младост“, кое е посетено во сите годишни времиња, посебно за викендите кога е преполно со посетители и рекреативци од Велес, Скопје, Прилеп, Куманово, Свети Николе и други градови од земјава ,а има и странски туристи.
Со изградбата на објекти од проектот финансиран од ЕУ „Смарт Езеро „Младост“, во што се вклучени и паметни клупи за полнење на мобилни телефони, велосипеди на струја и други реквизити, за најмладите посебно е интересен Паркот на авантури и „Паркот на срцата“. ад/цр
