• среда, 10 јули 2024

Се уредуваат новo детско игралиште и спортски терен во кривопаланчката населба Баглак

Се уредуваат новo детско игралиште и спортски терен во кривопаланчката населба Баглак

Крива Паланка, 27 април 2023 (МИА) - Денеска започнаа градежните работи за изградба и уредување ново детско катче и комбиниран спортски терен на локалитетот под Метеоролошка станица во населба Баглак, Крива Паланка.

Проектот за уредување и изградба јавна површина со поставување урбана опрема опфаќа градежни активности поделени на две нивоа, а средства се обезбедени од буџетот на Општина Крива Паланка од програмата на одделението за изградба и оддржување на комунална инфраструктура.

- Денес официјално е воведен во работа изведувачот, „Лабино трејд", а со службите извршивме увид во активностите на терен. Следува уредување на горното ниво со поставување урбана опрема за модерно детско игралиште и ќе се уреди паркинг простор, додека на другиот терен ќе се изврши асфалтирање, уредување и ќе се постави комплетно нова спортска опрема за фудбал и кошарка. Вложуваме средства од буџетот на Општина Крива Паланка за уредување на околу 900 метри квадратни површина наменета за спорт и рекреација, за безгрижни денови на најмладите. Инвестираме во нови урбани простори за радост и среќа на сите сограѓани, изјави градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски.

Детското игралиште ќе биде обложено со подлога од асфалт врз која ќе се постави вештачка трева-кент. Околу целиот простор ќе биде поставена и ограда во висина од 1,5 до 4 метри според висината на теренот и ќе биде уреден мал паркинг. ид/цр


Фото: Општина Крива Паланка 

 

Остани поврзан