Се реновира хотелот Молика на Пелистер
- АД ЕСМ почна со реновирање на хотелот Молика на Пелистер, инвестиција со која ќе се обноват дограмата, купатилата, собите, а ќе има и нови водоводни цевки, нов одвод и нов дрвен под.
Битола, 27 октомври 2023 (МИА) - АД ЕСМ почна со реновирање на хотелот Молика на Пелистер, инвестиција со која ќе се обноват дограмата, купатилата, собите, а ќе има и нови водоводни цевки, нов одвод и нов дрвен под.
Набавени се нови душеци, нови телевизори и нови мини барови, информира Миле Велјановски, директор на ЕСМ Молика.
-Во тек се активности за реконструкција и на таканаречената летна тераса. Се поставува таванска изолација, а ќе се гради и камин кој во зимските месеци ќе придонесе за уште попријатен амбиент во хотелот. Во лоби барот гарнитурите се веќе сменети. Паралелно, како што се работи внатре во хотелот, се работи и надвор, на фасадата. Ќе се замени ламперијата и ќе се реконстуира останатата површина од фасадата. Во тек е постапка за изградба на систем за осветлување на ски патеката Копанки, посочи Велјановски.
Хотелот Молика ќе одбележи 30 години постоење во ново руво, реновиран и реконструиран, потврдија од менаџментот на хотелот. мт/дма/
Фото: МИА