Се реновира интернатот во Кавадарци што постои повеќе од шест децении
- Се реновира интернатот во Кавадарци што постои повеќе од шест децении. Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев денеска го посети Ученичкиот дом ,,Крсте Петков - Мисирков".
Кавадарци, 27 ноември 2024 (МИА) - Се реновира интернатот во Кавадарци што постои повеќе од шест децении. Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев денеска го посети Ученичкиот дом ,,Крсте Петков - Мисирков".
- Со општински пари се реновираат осум соби од интернатот со 40 легла. Објектот добива нова библиотека, како и реновирани тоалети и целокупно нова електрична инсталација на спратот што се реконструира, нови врати и прозорци. После толку години, ученичкиот дом конечно ќе добие и нов и посоодветен влез и нови прозорци во кујната, појасни директорот Александар Ангелов.
До минатата година, домот беше државен, а сега е општински. Реконструкцијата се врши со општински финансиски средства.
- Се зголемува капацитетот од 65 на околу 100 легла. Планирана е и изградба на лифт за овие три ката. Многу е значаен овој капацитет, бидејќи овде се сместуваат средношколците што се школуваат во средното образование во Кавадарци а доаѓаат од други општини, рече Јанчев.
Претседателот на Совет на Општина, Стојанче Рамов, подвлече дека кога се вложува во образование, советниците се единствени во носењето одлуки. свд/цр
Фото : МИА