• вторник, 14 мај 2024

Се реконструира спортската сала на Економското училиште во Велес

Се реконструира спортската сала на Економското училиште во Велес

Велес, 20 септември 2023 (МИА) - Во тек се градежни зафати во ОСУ „Јовче Тесличков" во Велес попознато како Економска, каде се реконструира таванот на спортската сала, по што следува санирање на ѕидовите и поставување на ново осветлување, информира градоначалникот Марко Колев.

-Со ова учениците, како  и сите спортски  клубови кои ќе ја користат оваа сала ќе добијат подобрени услови за спорт и рекреација. Средствата за реконструкција се обезбедени од блок дотации, појасни Колев.

Инаку, Економска во постоечаката зграда на поранешното ООУ „Трајко Андреев“, а кое престана да постои е преместена во учебната  2006/2007 година.

Поранешна Економска беше сместена во зградата на старата велешка Гимназија кај Градскиот пазар и располагаше со голема спортска сала која ја делеше со две основни училишта ООУ „Благој Кирков“ и Посебното основно  училиште „Маца Овчарова“. ад/

 

Фото: Општина Велес

 

Остани поврзан