Се реконструира локалниот пат за село Каратманово,Општина Лозово
- Се реконструира локалниот пат за село Каратманово, Општина Лозово. Веќе дваесетинатина дена се изведуваат интензивни градежните активности за целосна реконструкција на локалениот пат Каратманово-А3 Експресен пат, информира градоначалникот на Општина Лозово, Бошко Цветковски.
Велес, 12 август 2025 (МИА) - Се реконструира локалниот пат за село Каратманово, Општина Лозово. Веќе дваесетинатина дена се изведуваат интензивни градежните активности за целосна реконструкција на локалениот пат Каратманово-А3 Експресен пат, информира градоначалникот на Општина Лозово, Бошко Цветковски.
Тој потенцира дека реконструкцијата на овој патен правец е од особена важност за жителите на ова населено место, а нивна обврска како локална власт е да им овозможат асфалтиран и удобен пат за непречена собраќајна комуникација за оваа населено место со Општината Лозово и останатите населени места.
-Комуникацијата ќе биде многу подобра, безбедноста во сообраќајот, многу поголема, можноста за оштетување на возилата, сведена на нула. Овој локален патен правец, ќе значи нови можности за развој и заживување на селата, развој на земјоделството и сточарството, и подобрување на условите за живот во руралните делови, појаснува Бошковски.
Инаку за време на изведбата на градежните работи овие 20 - тина дена и понатаму се’ до негово завршување има воспоставен посебен режим на сообраќај, односно за кон село Каратманово се врти преку селото Лозово.
Воедно од Општина Лозово ги замолуваме граѓаните - учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и внимателно да се движат во овој дел. ад/ев/
ФОТО: Општина Лозово