Се реконструираат пешачките патеки во Градскиот парк
- Град Скопје почна со реконструкција и санација на пешачките патеки во Градскиот парк, со вкупна површина од 18.000 квадратни метри.
Скопје, 26 февруари 2022 (МИА) - Град Скопје почна со реконструкција и санација на пешачките патеки во Градскиот парк, со вкупна површина од 18.000 квадратни метри.
- Во рамките на овие активности дел од патеките целосно се реконструираат, се санираат оштетените патеки, а во некои делови се прават и нови патеки. Реконструкцијата на патеките се реализира фазно, а се отпочна со работа на патеките во западниот дел на Градскиот парк, на површина од околу 9000 квадратни метри, информираатод Град Скопје.
Градоначалничката Арсовска заедно со директорот на ЈП „Улици и патишта“ Борис Настов направија обиколка и увид на реконструкцијата на патеките во Градскиот парк.
Од Градот Скопје најавуваат дека продолжуваат со активности за одржување на постојната инфраструктура, изградба на нови патеки за рекреација на граѓаните, како и на нови зелени појаси низ населените места во Скопје.фф/бк/