• понеделник, 23 декември 2024

Се реконструираат две улици во беровското село Митрашинци

Се реконструираат две улици во беровското село Митрашинци
Берово, 25 октомври 2022 (МИА) - Во Берово во тек се активности за реконструкција на две улици во селото Митрашинци. Активностите, како што информираа од Општината, се реализираат во рамки на Програмата за локални улици и патишта за 2022 година.
-Во село Митрашинци се работи на реконструкција на два крака. Првиот крак е во должина од 88 метри, додека вториот со должина од 86 метри. Едниот од двата крака беше со оштетена инфраструктура, додека другиот првпат добива асфалт, информираа од Општината.
Увид во градежните работи изврши градоначалникот на Берово Звонко Пекевски, кој потенцираше дека со активностите за подобрување на патната инфраструктура во населените места Општината уште еднаш ја потврдува грижата за жителите во насока на олеснување на пристапот на жителите до нивните имоти.
За реконструкција на двата крака во село  Митрашинци од Буџетот на Општина Берово за 2022 година ќе бидат потрошени околу 900.000 денари. вс/мд/

Остани поврзан