• петок, 22 ноември 2024

Се разведуваат Жизел Бундшен и Том Брејди

Се разведуваат Жизел Бундшен и Том Брејди
Лос Анџелес, 5 октомври 2022 (МИА) - Бразилската манекенка Жизел Бундшен и американскиот рагбист Том Брејди најмиле адвокати за почнување постапка за развод, потврдува неименуван извор близок до двојката за „Пејџ 6“ (PageSix). Тие се в брак 13 години и имаат две деца - 12-годишниот син Бенџамин и 9-годишната ќерка Вивијан. Брејди има и 15-годишен син Џек, од претходната врска. Веќе пред неколку недели се појавија гласини дека тие двајца се разведуваат, а до расправијата наводно дошло затоа што Том му се враќа на спортот само по 40 дена од пензионирањето. [caption id="attachment_1781747" align="aligncenter" width="765"]Том Брејди и Жизел Бундшен Том Брејди и Жизел Бундшен[/caption] „Никогаш не мислев дека оваа расправија ќе биде нивниот крај, но изгледа дека е така“, вели неименуваниот пријател. - „Мислам дека сега нема враќање назад. И двајцата имаат ангажирано адвокати и гледаат што ќе повлече разделбата и кој што ќе добие“. Супермоделката била среќна кога нејзиниот сопруг објавил дека се пензионира... Таа и онака сметаше дека НФЛ (американското рагби) е насилен спорт. - Ова е многу насилен спорт, а јас имам деца и би сакал тој да биде поприсутен тука. Цело време ги имам овие разговори со него. Но на крајот, мислам, секој треба да донесе одлука којашто нему му одговара. И тој треба да ја следи својата среќа, рече Бундшен во една прилика за списанието „Ел“ (Elle). Но, тие веќе не живеат заедно. Жизел претходно беше во врска со Леонардо ди Каприо, а потоа се омажи за Брејди. Тие се венчаа во Калифорнија во 2009 година. По два месеца, тие имаа уште една свадбена свеченост на Костарика.  си/

Остани поврзан