• недела, 22 декември 2024

Се работи на неколку инфраструктурни проекти во штипската населба Долна Железничка

Се работи на неколку инфраструктурни проекти во штипската населба Долна Железничка

Штип, 6 јуни 2024 (МИА) - Интензивно се работи на поврзување на над 20 домаќинства и 10 индустриски објекти на фекалната канализација во штипската населба Долна Железничка, истакна на денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Паралелно со овој проект се подготвуваат и пристапни улици за асфалтирање во населбата Каленица. Вкупната инвестиција за реализација на овие инфраструктурни проекти изнесува 4,5 милиони денари, средства обезбедени од буџетот на Општина Штип.

-Веднаш потоа ќе се асфалтира и на единствената сервисна улица, која ја опфаќа населбата Железничка. Освен асфалтирање на оваа улица ќе се врши и нејзино обележување и поставување на сообраќајна сигнализација. Она што сакам да го споделам е дека се случува еден проблем којшто го потенцираат жителите на Долна Железничка, а тоа е влегувањето на патнички и товарни возила низ населбата, користејќи ја единствената улица, за да се исклучат и директно да се поврзат со магистралниот пат кој води до ТИР зоната, вели Јорданов.

Тој посочи дека приклучувањето на оваа улица од магистралниот пат е недозволено и затоа ќе се постави сообраќајна сигнализација и еластична ограда, за да се спречи влегувањето во оваа населба, бидејќи возилата кои транзитираат по главната улица во Долна Железничка, брзо возат и не ги почитуваат сообраќајните знаци, со што ја загрзоуваат безбедбноста на жителите. вдј/дма/

Фото: МИА

 

Остани поврзан