• четврток, 19 декември 2024

Се прошири пожарот на Огражден, со гасне со два хеликоптери

Се прошири пожарот на Огражден, со гасне со два хеликоптери

Струмица, 17 јули 2024 (МИА) - Пожарот на планината Огражден, над селото Бадилен, на територијата на Општина Ново Село, кој избвувна пред осум денови, од синоќа се проширил кон местото Рајаново. Од утрово го гаснат два хеликоптери-„Камов“ од Србија и „Блек хоук“ од Турција, кои се дел од меѓународната помош што ја доби нашата земја за гаснење на пожарите.

Прошрирувањето на пожарот го потврдија од ТППЕ Струмица и Ловното друштво „Елен“ од Ново Село. Според нив, пожарот се префрлил на западната страна на Огражден, но се надеваат дека со помош на хеликоптерите и со поддршка од земја ќе успеат да го запрат.

Од ТППЕ Струмица уште еднаш појаснија дека се работи за крајно недостапен терен, со екстремно високи температури, кои под влијание на големиот пожар имаат развиено специфична микроклима со температури преку 50 степени Целзиусови и засилен ветер.

Инаку, завчера беша изгаснат крајниот северозападен крак од од пожарот, а денеска се продолжува со гаснење на југозападниот крак, веднаш до граничната линија со Бугарија и проширувањето на западната страна. рт/дма/


Фото: СРД „Елен“ Ново Село

Остани поврзан