• понеделник, 23 декември 2024

Се поставува нова сообраќајна сигнализација во Македонска Каменица

Се поставува нова сообраќајна сигнализација во Македонска Каменица
Македонска Каменица, 4 март 2023 (МИА) - Во Македонска Каменица во тек е акција за санирање и поставување нова сообраќајна вертикална сигнализација. Активноста се реализира во центарот на градот, а целта е зголемување на безбедноста на пешаците.
 
-Јавното претпријатие „Камена Река“ започнаа акција за санирање и поставување на вертикална  сообраќајна сигнализација на улиците во централното градско подрачје. Акцијата ја спроведуваме во насока на зголемување на безбедноста на учесниците во сообраќајот, особено на пешаците, велосипедистите, мотоциклистите и учениците, истакнаа од ЈП „Камена Река".
Во насока на подобрување на безбедноста на пешаците во сообраќајот неодамна, како што додадоа од ЈП, беа исчистени коловозните простори при влезовите во Македонска Каменица.
-Чистењето, покрај редовното собирање на отпад, опфаќа и отстранување на високостеблести дрвја и џбунести растенија, со цел подобрување на безбедноста во сообраќајот, велат од „Камена Река".
Оттаму најавија дека продолжува редовното спроведување на акциите за чистење на останатите јавните простори во градот и во останатите приградски и рурални делови од Македонска Каменица. вс/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан