• петок, 22 ноември 2024

Се поставува енергетски ефикасно улично осветлување во Крива Паланка

Се поставува енергетски ефикасно улично осветлување во Крива Паланка
Крива Паланка, 25 јуни 2021 (МИА) - Во Крива Паланка почнаа активности за промена на јавното осветлување со енергетски-ефикасно ЛЕД светилки. Замената се врши по претходно изработена Студија за енергетска ефикасност. Согласно Студијата и избоrот на партнер по ЕСКО модел, во следните два месеци целокупното јавно осветлување на територијата на општината ќе биде заменето со ново осветлување кое треба да ја намали потрошувачката на електрична енергија за 80 проценти. - Договорот е потпишан со Македонски Телеком АД Скопје, а подизведувач на работите е Електроизградба ДООЕЛ Скопје. Освен тоа што ќе се добие по квалитетно осветлување, се очекува и дефектите на мрежата на јавното осветлување да се сведат на минимум, бидејќи работниот век на новите светилки е 100.000 работни часа или околу 20 години, информираат од службата за комуникација со јавност на Општина Крива Паланка. Периодот на отплатата на средства кон ЕСКО компанијата е шест години, по што целокупната инвестирана опрема останува во сопственост на општината. По  тој основ во текот на гарантниот период ќе бидат заштедени околу 59.000.000 денари  за јавно осветлување. Од Општина Крива Паланка посочуваат дека со изградбата на фотоволтаици на три институции, промената на столарија, изградбата на термоенергетски фасади и други активности кои ги спроведува општината сериозно се работи на намалување на стаклкеничките гасови, заштита на животната средина и искористување на алтернативни извори на енергија. ид/цр

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан