• среда, 17 јули 2024

Се поплочуваат улици во кавадаречки села

Се поплочуваат улици во кавадаречки села
Кавадарци, 25 октомври 2021 (МИА) - Се поплочуваат улици во кавадаречки села, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.
- По поплочувањето на улиците во кавадаречките села Чемерско, Крњево, Бохула и Бојанчиште денеска почна поплочување и на улиците во селото Долна Бошава. Вкупната површина за поплочување изнесува 1.420 квадратни метри.  Инвестицијата е вредна 2.200.000 денари, појаснија од градоначалничкиот кабинет.
Оттаму додадоа дека континуирано и рамномерно се инвестира во целата општина. Во урбаните, но и руралните средини.свд/бт/

Остани поврзан