• петок, 22 ноември 2024

Се очекува на изборите во Камбоџа повторно да победи партијата на премиерот Хун Сен, критичарите тврдат дека изборите се фарса

Се очекува на изборите во Камбоџа повторно да победи партијата на премиерот Хун Сен, критичарите тврдат дека изборите се фарса

Пном Пен, 23 јули 2023 (МИА) - Во Камбоџа денеска почна броењето на гласовите по завршувањето на гласањето на изборите на кои се очекува убедлива победа на долгогодишниот премиер Хун Сен, јавија американските медиуми.

Критичарите велат дека изборите се фарса во оваа азиска земја, каде што се врши ефективно сузбивање и заплашување на секоја вистинска опозиција.

Европската унија, САД и другите западни земји одбија да испратат набљудувачи, соопштувајќи дека нема услови изборите да се сметаат за слободни и фер. На нив свои набљудувачи испратија само Русија и Кина.

Хун Сен (70) веќе 38 години полека ја зацврстува својата моќ, а неодамна навести дека веќе во август може да му ја предаде лидерската позиција на својот најстар син Хун Манет (45), генерал и командант на армијата на Камбоџа.

Хун Манет дипломирал на американската Воена академија во Вест Поинт, магистрирал на Универзитетот во Њујорк и докторирал на Универзитетот во Бристол во Велика Британија.

Со евентуалното доаѓање на Манет на чело на владата се очекува во земјата една поширока смена на генерации, бидејќи владејачката Камбоџанска народна партија (КПП) планира да постави помлади лидери на повеќето министерски позиции.

Во пресрет на денешните избори, Националната изборна комисија и забрани на опозициската Партија на светлината, неофицијалниот наследник на ЦНРП, да учествува на изборите.

Хјуман рајтс воч (ХРВ) рече дека „изборите многу малку наликуваат на вистински демократски процес“, додека Азиската мрежа за слободни избори, организација која обединува повеќе од 20 регионални невладини организации, рече дека одлуката на изборната комисија да им забрани на другите партии да учествуваат на изборите покажува „јасна пристрасност“ кон владејачката ККП. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан