• понеделник, 23 декември 2024

Се очекува Заев во среда да го предложи составот на новата влада, Ахмети вели дека нема промени кај министрите на ДУИ

Се очекува Заев во среда да го предложи составот на новата влада, Ахмети вели дека нема промени кај министрите на ДУИ
Скопје, 24 август 2020 (МИА) - Предлог-составот на министрите од Демократската унија за интеграција останува непроменет, потврди лидерот на ДУИ, Али Ахмети во изјава за ТВ21 . Ахмети, како што се наведува, објаснил дека нема нови имиња од неговата партија и покрај неколкуте барања кои ги имало во партијата. Според партиски извори, пак, лидерот на СДСМ Зоран Заев во среда до Собранието ќе го достави составот на новата влада и предлог - програмата за работа во следните четири години. Заев претходно најави дека дека ќе го поднесе предлогот за влада откако пратениците кои треба да бидат министри ќе поднесат оставки, ќе бидат верифицирани мандатите на тие што ќе ги заменат и биде донесена одлука за бројот на потпретседатели на Собранието. Претседателот на Собранието Талат Џафери за утре закажа седница на која треба да биде утврден бројот на потпретседатели, а се очекува и констатирање на оставки на пратеници кои се на листата на Заев за составот на новата влада. Оставка од пратеничката функција поднесе и Фљорин Бесими, брат на Фатмир Бесими, кој е предлог на ДУИ за министер за финансии.ев/са/

Остани поврзан