• понеделник, 23 декември 2024

Се одржа џип-релито „Калин Камен“ во Крива Паланка

Се одржа џип-релито „Калин Камен“ во Крива Паланка
Крива Паланка, 21 август 2022 (МИА) - Над стотина џипови и теренски возила, како и моторцикли, АТВ и УТВ четирицикли беа дел од дводневната офф-роад рели авантура низ Осоговските Планини што денеска се заокружи со кружна и временска трка.
Oфф-роад релито, која е во организација на Општина Крива Паланка и Здружението Офф-роад „Екстрим“, годинава учествуваа околу триста учесници од Република Северна Македонија, Бугарија и Србија.
- Радува фактот што од година на година релито буди сѐ поголем интерес кај љубителите на авантуристичко возење и љубителите на планината,кои споени во едно ги нуди ова офф-роад дводневно несекојдневно искуство. Во текот на вчерашниот ден се извози предвидената рута, од Мотел Македонија, преку селата Осиче, Гарваница, Добровница, Трново, Узем, Тораница, Царев врв, сѐ до езерцето на Калин Камен, каде иако времето беше врнежливо, одлично се дружевме на крајот на денот,кампувајќи во шатори. Денеска се одржаа кружната трка во повеќе категории, а најдобрите добија награди, информираат од Офф-роад „Екстрим" од Крива Паланка.
Од Општина Крива Паланка посочуваат дека овој крај нуди одлични можности за адреналински и алтернативни спортови, а релито движи низ целата убавина на прекрасните предели во општината.
На годинашното издание учествуваа гости од повеќе градови од Србија, Бугарија, како и од нашата земја: Прилеп, Кичево, Охрид, Битола, Македонска Каменица, Виница, Куманово, Скопје, Кочани, Крива Паланка, Злетово, Ранковце и други.ид/фф/

Остани поврзан