• петок, 22 ноември 2024

Се одржа втората Ендуро и оф-роуд трка во Делчево

Се одржа втората Ендуро и оф-роуд трка во Делчево
Делчево, 13 ноември 2022 (МИА) - Во Делчево на специјално подготвена патека денеска се одржа втората Ендуро и оф-роуд трка, на која учество зедоа повеќе мотокрос и оф-роуд натпреварувачи и екипи од Скопје, Велес, Делчево, Берово, Виница, Штип и други градови од источна Македонија. Настанот со поддршка на локални спонзори го организираше Мотоклуб „Ендуро тим" од Делчево, чиј престедател Виктор Стојановски изрази огромно задоволство од посетеноста и од самиот факт што трката заврши без проблеми по учесниците. - Навистина беше чест и задоволство втора година по ред да го организираме овој настан. Како што гледате имаме натпреварувачи во повеќе градови кои се натпреваруваа во 5 категории. Наградени беа најдобрите во своите категории кои заслужено добија пехари за својот пласман. Имавме натпревар во мотокрос, АТВ, УТВ и теренски возила и навистина посетителите имаа можност да присуствуваат на еден убав настан, кој ќе се потрудиме да прерасне во традиција, рече Стојановски. Најбројна на втората трка во Делчево беше офф роад тимот од Берово, чии претставници освоија дел од наградите во категориите за теренски возила со над 2500 кубика. -Како што гледате ние сме најбројни, а најважно за денешниот ден е што немаше посериозни технички проблеми по учесниците. Честитки до сите од нашата екипа кои освоија награди, а на организаторите им посакуваме уште многу вакви настани, истакна претседателот на оф роад клубот од Берово, Зоран Мазновски. На трката во Делчево учествуваа и натпреварувачи во пионерска конкуренција кои добија специјални награди од организаторите. Тие најавија дека од година во година патеката, ќе се надградува со цел уште поголема популаризација на овој спорт во Делчево. вс/ев/

Остани поврзан