• понеделник, 01 јули 2024

Се кројат лозјата во Тиквешко, лозарите со повеќе лозови насади не можат да го чекаат ,,Свети Трифун" 

Се кројат лозјата во Тиквешко, лозарите со повеќе лозови насади не можат да го чекаат ,,Свети Трифун

Кавадарци, 11 декември  2023  (МИА) - Се кројат лозјата во Тиквешко, лозарите со повеќе лозови насади не можат да го чекаат верскиот празник „Свети Трифун" што е по два месеца и кога традиционално на симболичен начин, вообичаено стартува резидбата на виновите лози во Тиквешијата, како најголем лозаровинарски регион во државата. Се зголемува бројот на лозари што ја извршуваат оваа земјоделска операција во лозовите плантажи. 

- Знаете, овде на овие простори, лозарите со оваа лозарска операција главно почнуваат на 14 февруари, бидејќи “Свети Трифун” се смета за заштитник на производителите на грозје. Но, голем дел од лозарите мораат да брзаат со оваа операција и не можат да го чекаат празникот. Тоа е поради фактот што имаат  големи лозови плантажи и ако го чекаат празникот, нема да стигнат да завршат со резидбата, појаснува  за МИА, Јован Златевски,  претседател на Сојузот на лозарски здруженија, со седиште во Кавадарци. 

Но, брзањето со резидбата од страна на оние кои имаат повеќе лозови насади,  е и поради уште една причина, што е поприсутна во регионот. 

 - Голем  број од сезонските работници кои порано се ангажираа во лозарството, сега се вработени во германската фабрика ,,Дрекслмаер" и тешко се наоѓаат аргати, додава Златевски. 

Тој нагласи и дека сево ова и поради поволните временски услови, што им одат во прилог на лозарите. свд/


Фото : МИА архива 

Остани поврзан