• четврток, 26 март 2026

Се испитуваат причините за пожарот во Визбегово, побаран притвор за две лица кои нападнаа новинарска екипа

Се испитуваат причините за пожарот во Визбегово, побаран притвор за две лица кои нападнаа новинарска екипа

Скопје, 10 јули 2025 (МИА) - Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи во врска со вчерашниот пожар во Визбегово, поведе итна постапка против две лица – маж и жена за кривично дело Спречување службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.

Постапката е поведена бидејќи двајцата физички нападнале екипа – новинар и снимател на ТВ Алсат М и ги спречиле во извршување на нивните службени задачи, односно да известуваат за настанатиот пожар во близина на отпад за старо железо, соопшти ОЈО Скопје.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, додека за осомничената е предложена мерка куќен притвор, бидејќи се грижи за две малолетни деца на возраст од 9 месеци и 3 години.

Мерките се предложени со цел нивно обезбедување, со оглед на тоа што освен наведеното кривично дело, обвинителството продолжува да ги истражува и причините за настанување на пожарот на отпадот во сооственост на осомничените и евентуалните опасности предизвикани врз животот и телото на луѓето, имотот и животната средина. Во таа насока во текот на вчерашниот ден и денеска се издаваат повеќе наредби и насоки за обезбедување докази, наведуваат од ОЈО Скопје.са/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан