Се инсталира енергетско ефикасно осветлување во градскиот парк во Делчево
- Почнаа работите за инсталирање енергетски ефикасно осветлување во градскиот парк во Делчево. Со активностите, како што информираа од Општината, предвидено е поставување на нови 138 енергетско ефикасни светилки кои треба да ја постигнат ефикасноста во флукси и да придонесат во потрошувачката на електрична енергија во овој дел од градот.
Делчево, 3 октомври 2023 (МИА) - Почнаа работите за инсталирање енергетски ефикасно осветлување во градскиот парк во Делчево. Со активностите, како што информираа од Општината, предвидено е поставување на нови 138 енергетско ефикасни светилки кои треба да ја постигнат ефикасноста во флукси и да придонесат во потрошувачката на електрична енергија во овој дел од градот.
-Покрај инсталацијата на светилките, ќе бидат набавени и поставени нови 10 канделабри, 4 клупи и лед- диодни рефлектори за летната сцена во градскиот парк во Делчево. Работите на терен ги изведува фирмата Инфинити Енерџи Солушнс, а во моментов течат земјени работи за поставување инсталација за новите 10 канделабри. За реализација на проектот се обезбедени сите потребни материјали, како и материјали за изработка на клупи и бојадисување на сите столбови во градскиот парк, информираа од Општината.
Иницијативата, како што додадоа е произлезена од бизнис- заедницата и граѓанскиот сектор, а беше прифатена од Општина Делчево.
-Со реализацијата на проектот ќе се подобри осветлувањето во централното градско подрачје на Општина Делчево, но ќе се бележи и значителна заштеда, како за потрошена електрична енергија, така и заштеда за одржување, додадоа од Општина Делчево.
Иницијативата е финансиски потпомогната од Мрежата за рурален развој на Македонија преку Проектот за поддршка на заедницата УСАИД. Вкупната вредност на проектот е околу 2.500 000 денари. вс/мд/
Фото: МИА