• понеделник, 23 декември 2024

Се излеа реката Дрина, поплавени земјоделски површини и градска плажа

Се излеа реката Дрина, поплавени земјоделски површини и градска плажа

Бања Лука, 19 јануари 2023 (МИА) – Поради обилните врнежи во Република Српска поплавени се земјоделските површини и градската плажа во градот Зворник.

Градската управа на Зворник апелираше до граѓаните до дополнително известување да не се спуштаат на шеталиштето покрај реката Дрина и да се држат настрана од надојдениот водотек.

Протокот на реката Дрина кај хидроцентралата Мали Зворник во 07:00 часот изнесувал 1.990 метри кубни во секунда, а дотекот 2.030 метри кубни во секунда со тенденција на зголемување, соопшти Градската управа.

Во текот на ноќта реката Дрина се излеа на земјоделско земјиште во општините Тршиќ и Роќевиќ, додека во Каракај (во близина на Терминал) водата навлегла во подрумите на три куќи, се вели во соопштението.

Поплавена е градската плажа во Зворник, а се очекува да се излее и во викенд одморалиштето во Средње Шепко.

Коритата на реките Хоче и Сапна се полни меѓу 30 и 40 проценти.

Во Службата за цивилна заштита зголемена е дежурството, посетен е теренот и состојбата континуирано се следи. Утрово заседаваше Градскиот штаб за цивилна заштита на градот Зворник, јави РТРС.

Резервниот состав на службата за цивилна заштита е во подготвеност, како и сите припадници на Професионалната противпожарна и спасувачка единица. Се преземаат и други превентивни мерки и активности со цел да се намалат последиците од обилните врнежи од дожд и зголемен проток на вода. рп/

Остани поврзан