Се запали вентилација од оџак во зграда во центарот на Скопје, пожарот е локализиран
- Во центарот на Скопје вечерва се запали вентилација од оџак во зграда, информира за МИА Ѕвонко Томески, командир на скопската бригада за противпожарна заштита.

Скопје, 23 јуни 2022 (МИА) - Во центарот на Скопје вечерва се запали вентилација од оџак во зграда, информира за МИА Ѕвонко Томески, командир на скопската бригада за противпожарна заштита.
Пожарот е локализиран и нема опасност, рече Томески и апелираше вентилационите канали да се чистат на време. мс/дма/