• петок, 17 мај 2024

Се гради нов спортско-рекреативен центар во Дупки во Драчево

Се гради нов спортско-рекреативен центар во Дупки во Драчево

Скопје, 22 декември 2023 (МИА) - Се гради нов спортско-рекреативен центар во местото Дупки во Драчево. Предвидени се фудбалско, кошаркарско, одбојкарско, тениско игралиште и фитнес зона, кои ќе бидат опремени со спортски реквизити, урбана опрема и осветлување. До нив ќе води пристапна улица, а во непосредна близина ќе се изгради и паркинг простор.

Општина Кисела Вода информира дека за две години ова е дванаесеттиот спортско-рекреативен центар, кој по завршувањето на градежните активности, на љубителите на спортот ќе им нуди бројни содржини.

Градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски денеска изврши увид во градежните активности. 

- Местото викано Дупки во Драчево наскоро ќе биде собирно место за спортски натпревари во сите дисциплини, бидејќи тука градиме спортски комплекс кој ќе нуди фудбалско, кошаркарско одбојкарско, тениско игралиште и фитнес зона. Ќе бидат изведени согласно сите стандарди. На фудбалското игралиште ќе има вештачка трева, додека кошаркарското, тениското и одбојкарското ќе имаат акрилна подлога. Секако, ќе поставиме и спортски реквизити и урбана опрема, терените ќе ги осветлиме и ќе ги издвоиме со ограда, рече градоначалникот Ѓорѓиевски. Додаде дека се гради пристапна улица и паркинг простор. мд/нд/

Фото: Општина Кисела Вода 

Остани поврзан