• петок, 22 ноември 2024

Се гради нова водоводна линија во штипската населба Железничка

Се гради нова водоводна линија во штипската населба Железничка

Штип, 24 јануари 2024 (МИА) - Во штипската населба Железничка почна изградбата на нова водоводна линија, истакна на денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Со изградбата на новата водоводна линија ќе бидат опфатени триесеттина домаќинства, а е во должина од 400 метри.

-Новата водоводна линија е заради честите дефекти, проблеми на застарената линија, којашто во минатото ги опсложувала жителите во оваа населба. Морам да истакнам дека имавме замена и на дотраената водоводна линија на улицата „Петар Поп Арсов“ во Горна Железничка, со оваа изведба, еве дополнително ги решаваме проблемите, коишто со години наназад не биле решени, вели Јорданов.

Тој посочи дека во тек е и изведба на фекална канализација за оваа населба и индустриската зона која ќе биде поврзана со главната канализациона мрежа. Јорданов најави дека по изградбата на водоводната линија ќе биде уреден и влезот на населбата со тротоарски површини. Денешната инвестиција се реализира преку ЈП „Исар“, а е вредна околу половина милион денари.

Директорот на ЈП „Исар“-Штип, Кирил Зајков на денешната прес-конференција додаде дека вработените веќе работат на трасирање на водоводната линија и за максимум две недели ќе заврши целокупната реконструкција на водоводната линија. вдј/дма/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан