• понеделник, 15 јули 2024

Се градат тротоари на штипската улица „Еврејска“

Се градат тротоари на штипската улица „Еврејска“

Штип, 12 март 2024 (МИА) - Почна изградбата на тротоарските површини на улицата „Еврејска“ во штипската населба Бело Брдо. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска беше на увид во градежните активности. Инвестицијата од 1,3 милиони денари, пари обезбедени од буџетот на општината.

-Очекувам во наредните две недели да се работи на поставување на павер елементи. Согласно Програмата за уредување на градежно земјиште знаеме дека паралелно во оваа населба се работи на комплетна реконструкција на улицата „11 Октомври“, а очекувам во наредните месеци коишто следуваат со создавањето на временски услови за работа да се почне со работа и на другите улици во месноста Бело Брдо и секако населбата Леваци, во којашто повеќе од 40 години не е инвестирано ништо во неа, вели Јорданов.

Инаку, низ градот Штип се работи на неколку локации, се уредуваат влезовите на станбени згради, нови тротоарни површини, реконструкција на водоводна и канализациона мрежа и зголемување на бројот на паркинг места во централното градско подрачје. вдј/сст/

Фото: МИА
 

 
 

 

 

Остани поврзан