• недела, 22 декември 2024

Се бетонира патот од браната ХЕЦ  „Тиквеш" до населбата Голеш на Тиквешкото Езеро 

Се бетонира патот од браната ХЕЦ  „Тиквеш

Кавадарци, 30 јули 2024 (МИА) - Се бетонира патот од ХЕЦ „Тиквеш" до населбата Голеш на Тиквешкото Езеро. Инвестицијата е на Општина Кавадарци, а изведувач на работите е фирмата „Павер трејд“.

- Се работи на бетонирање на локалниот пат од браната ХЕЦ ,,Тиквеш" до населбата Голеш, на површина од 1040 квадратни метри. Станува збор за инвестиција на Општина Кавадарци, како дел од програмата за комунална изградба. Изведувач на работите е фирмата Павер трејд, соопшти градоначалникот Митко Јанчев на „Фејсбук“. 

Во населбата Голеш има околу 200 викендички, а крај целото Тиквешко Езеро, како втора по големина вештачка акумулација во државата, околу две до три илјади викенд куќички. свд/бак/

Фото : Фејсбук на градоначалникот Јанчев 

Остани поврзан