• петок, 05 декември 2025

Се асфалтира дел од патот меѓу штипските села Почивало-Кошево

Се асфалтира дел од патот меѓу штипските села Почивало-Кошево

Штип, 5 ноември 2025 (МИА) - Започнаа активностите за асфалтирање на првата фаза од патниот правец меѓу штипските села Почивало-Кошево.

Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов на денешната прес-конференција истакна дека станува збор за патен правец во должина од 2,2 километри, со што првите 500 метри се асфалтираат сега, по што ќе се пристапи и кон тампонирање и асфалтирање и на останатите 1.700 метри. Од буџетот на Општина Штип за овие активности се издвоени околу четири милиони денари.

-Некаде околу четири милиони денари се одвоени за асфалтирање на првата фаза од овој патен правец во должина од 500 метри. По завршување на овие активности ќе продолжат активностите за тампонирање на останатиот дел од 1.700 метри должина. Со тоа ќе се поврзат селата Почивало и Кошево. Очекувам во наредните денови да се започне со работа и на втората фаза, изјави Јорданов.

Дополнително во наредниот период ќе се работи и на патниот правец кој води до селото Калапетровци, со што се работи на поврзување на руралните средини и овозможување подобра инфраструктура.

Јорданов истакна дека и во новиот Буџет ќе има предвидено средства за поврзување на селата, како и за модернизирање на урбаните средини. вдј/мд/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан