• петок, 21 јуни 2024

СЕХА: Еурофарм Пелистер запрен во полуфиналето

СЕХА: Еурофарм Пелистер запрен во полуфиналето
Задар, 2 септември 2022 (МИА) – Еурофарм Пелистер не успеа да обезбеди пласман во финалето во СЕХА лигата, откако вечерва во својот дебитантски настап на завршниот турнир во регионалното натпреварување загуби во полуфиналето од Веспрем со 41-27 (24-16). Унгарскиот првак, кој ја брани титулата во СЕХА лигата, ја оправда фаворитската улога и по почетната резултатска рамноправност со серија од 4-0 стекна предност од 9-5 која во продолжението со нова серија од четири последователни голови и цврста игра во одбраната ја зголеми на високи плус осум на полувремето. Натпреварот во Задар по продолжението доби ревијален карактер, а Веспрем на крајот му нанесе висок пораз на Еурофарм Пелистер надминувајќи ја бројката од 40 постигнати голови. Претходно вечерва во првото полуфинале ППД Загреб ја доби хрватската пресметка против Нексе со 32-26 и ќе биде противник на Веспрем во финалето в недела од 20:30 часот. Во битката за третото место, Еурофарм Пелистер и Нексе ќе играат в недела од 16:30 часот. ег/лв/

Остани поврзан