• четврток, 19 декември 2024

СЕХА ги одложи сите натпревари на неодредено време

СЕХА ги одложи сите натпревари на неодредено време
Скопје, 8 март 2022 (МИА) - Извршниот комитет на регионалната ракометна СЕХА Газпром лига донесе одлука за прекин на натпреварувањето на неодредено време. - На состанокот на Извршниот комитет на СЕХА, одржан во вторник, 8 март 2022 година, донесена е одлука сите натпревари од СЕХА – Газпром лигата во сезоната 2021/22 да се одложат до дополнително известување, со цел да се заштити регуларноста на натпреварувањето. За сите дополнителни промени и ажурирања, сите заинтересирани ќе бидат навреме известени, објави СЕХА на својот официјален сајт. Во сезоната 2021/22 досега се одиграни пет натпревари, два во А-групата и три во Б-групата. Од македонските екипи, Еурофарм Пелистер во А-групата го победи Партизан на гостински терен, додека Вардар кој игра во Б-групата, има победа над Војводина и два пораза од Нексе. зс/

Остани поврзан