• сабота, 21 февруари 2026

Сеул тврди дека Северна Кореја лансирала неидентификуван проектил кон Источното Море

Сеул тврди дека Северна Кореја лансирала неидентификуван проектил кон Источното Море

Сеул, 27 јануари 2026 (МИА) – Армијата на Јужна Кореја соопшти дека Северна Кореја денеска лансирала неидентификуван проектил кон Источното Море (познато и како Јапонско Море).

Здружениот штаб на јужнокорејската армија соопшти дека проектилот е лансиран денеска, но не наведе повеќе информации.

Северна Кореја претходно на 4 јануари лансира балистичка ракета кон Источното Море.

Со резолуција на Обединети нации на Северна Кореја ѝ е забрането да лансира, па дури и да тестира балистички ракети со кој било дострел.

Најверојатно, денеска е лансирана ракета „земја-земја“, што може да биде опремена и со нуклеарна бојна глава. ми/сд/

фото: ЕПА архива

Остани поврзан