НКЕУ-МК: Пактот за миграција и азил не смее да се гледа исклучиво како европски документ, свој глас мора да има и Западен Балкан
- Пактот за миграција и азил не смее да се гледа исклучиво како европски документ, тој е процес во кој Западен Балкан мора да има свој глас, позиции и своја стратегија и само така може да се обезбеди дека реформите ќе бидат и ефикасни, и фер, и одржливи за сите. Земјите што денес се транзитни може утре да станат земји на задржување и затоа сериозен, поактивен и координиран пристап не е опција, туку нужност. Шверцувањето мигранти претставува криминален феномен со кој ниедна држава не може ефикасно да се справи сама и токму затоа неопходно е развивање заеднички стандарди и јакнење на меѓународната соработка. Според податоците на УНХЦР, заклучно со јуни 2025 имало 91.500 луѓе од Западен Балкан што бараат или веќе добиле меѓународна заштита. Ова беше порачано на отворањето на 18. сесија на работната група 4 - Правда, слобода и безбедност (Поглавје 24) на тема „Новиот пакт за миграција и азил: безбедносни и интеграциски предизвици во Европа со фокус на Западен Балкан и Република Северна Македонија“ во организација на Европското движење во Република Македонија.
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.