• вторник, 14 мај 2024

Серхио Рамос го престигна Меси по одиграни натпревари во Ла Лига

Серхио Рамос го престигна Меси по одиграни натпревари во Ла Лига

Мадрид, 29 јануари 2024 (МИА) - Натпреварот од 22. коло на шпанското првенство одигран вчера против Осасуна (1:1) беше 521. за фудбалерот на Севилја, Серхио Рамос во Примера.

Триесет и седумгодишниот Шпанец се искачи на осмото место по бројот на одиграни натпревари во шпанското првенство, престигнувајќи го поранешниот напаѓач на Барселона, Лионел Меси (520).

Рамос потекнува од фудбалската школа на Севилја. Тој го имаше своето деби во шпанското првенство во јануари 2004 година.

Во август 2005 година, Рамос се пресели во Реал Мадрид, за кого играше до јули 2021 година. По ова, фудбалерот помина две сезони во ПСЖ и се врати во Севилја во септември 2023 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан