• петок, 22 ноември 2024

„Сертификатите за вакцинација“ не треба да бидат „услов за пристап до одредени места“, предупредува Емануел Макрон

„Сертификатите за вакцинација“ не треба да бидат „услов за пристап до одредени места“, предупредува Емануел Макрон
Париз, 25 февруари 2021 (МИА) - Во врска со „сертификатите за вакцинација“ што би можеле да бидат подготвени за летото и повторното отворање на одредени туристички места, Емануел Макрон предупреди дека тие не треба да бидат „услов за пристап до одредени места“, јави дописникот на МИА. -Затоа што мислам на нашите млади луѓе кои сè уште нема да бидат вакцинирани, рече францускиот претседател. Европските лидери во четвртокот разговараа за воведување на сертификат за вакцина што „ќе го реорганизира движењето меѓу државите да биде пофлуидно“ кога ќе се отстранат ограничувањата на границите. -Ние мора да спречиме секоја земја да развива свој систем и за тоа да работиме кон заедничка медицинска сертификација, посочи францускиот претседател. Земјите членки на ЕУ ја повикаа Европската комисија да дефинира заеднички стандарди за заемно признавање на сертификатите за вакцини. Но, во оваа фаза нема заеднички став за правата што тие можат да ги отворат. Грција, загрижена да ја спаси својата туристичка индустрија, достави во јануари предлог до Комисијата за воспоставување европски „сертификат за вакцинација“ до летните одмори. Франција досега не сакаше, сметајќи дека е премногу рано кога само малцинство луѓе имаат пристап до вакцината. -Ако работите тргнат на подобро, никој од нас нема да прифати дека за да привлечеме, на пример, туристи, постои земја што е помала од другата и која ризикува со доведување луѓе од крајот на светот за да ги наполнат своите хотели, предупреди Емануел Макрон. Емануел Макрон исто така увери дека вакцината АстраЗенека „ако ова е вакцината што ми се нуди, секако дека ќе ја земам“, рече тој. -Исто така, ќе ги почитувам директивите што ќе ми бидат дадени, ќе бидам вакциниран кога ќе дојде време за мојата возрасна група и како што ќе бара протоколот ако сè уште имам антитела, исто така, прецизираше Претседателот на Републиката. -Сите вакцини што денес се нудат на нашата популација се вакцини кои се одобрени од Европската агенција за лекови и кои се повторно одобрени од Високиот здравствен орган, додаде тој. -Ние, Европејците, имаме најстроги здравствени регулативи во светот. Обезбедена е безбедност. Со оглед на најновите научни публикации, ефективноста е докажана. Целокупната транспарентност е направена на AстраЗенека. Оваа вакцина е „безбедна“, и нејзината ефикасност е транспарентно прикажана“. „АстраЗенека не ја исполни правилно својата последна испорака. Имавме дискусии. Им рековме дека не сте сериозни во врска со преземените обврски затоа што не ги почитувате обврските што ги презедовте со Европа, рече францускиот престедател. тг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан