• петок, 17 мај 2024

Серија земјотреси повторно почувствувани во Битола

Серија земјотреси повторно почувствувани во Битола
Скопје, 12 јануари 2022 (МИА) - Серија земјотреси од пограничното епицентрално подрачје Битола-Лерин утринава повторно се почувствувани во Битола и околината. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје информира дека најсилно е почувствуван земјотресот во 04:01 часот кој бил со Рихтерова магнитуда од 3,7 и интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала. Епицентарите на земјотресите се наоѓаат на 120 километри јужно од Скопје, во соседна Грција. бак/ац/  

Остани поврзан