• понеделник, 24 март 2025

Сериозен интерес за Хојлунд од неколку европски клубови

Сериозен интерес за Хојлунд од неколку европски клубови

Манчестер, 22 март 2025 (МИА) - Неколку клубови стапиле во контакт со раководството на Манчестер Јунајтед за да добијат првични информации во врска со подготвеноста на „црвените ѓаволи“ да се разделат со Расмус Хојлунд и неговата можна цена на лето, објави италијанскиот стручњак Фабрицио Романо.

Напаѓачот пристигна на „Олд Трафорд“ во летото 2023 година за речиси 74 милиони евра и постигна вкупно 16 гола во својата прва кампања. Оваа сезона тој имаше многу повеќе проблеми со перформансите и постигна само осум гола, а немаше постигнато гол 99 дена. Сушата заврши против Лестер пред една недела.

Сè уште не е јасно дали Манчестер Јунајтед би бил подготвен да се раздели со Данецот или за која сума би можело да се направи тоа.

Во исто време, англискиот печат е категоричен дека Манчестер Јунајтед како приоритет го има поставено привлекувањето на докажан стрелец кој ќе го води нападот на тимот, кој во последните години доживува многу сериозни тешкотии.

Се споменуваат имиња на докажани играчи како Виктор Осимен, но и помлади таленти како Хуго Екитике од Ајнтрахт (Франкфурт) или Џонатан Дејвис од Лил. дс

Фото: Архива

Остани поврзан