• недела, 22 декември 2024

Сензацијата Коко Гоф ја детронира Наоми Осака на Австралија Опен

Сензацијата Коко Гоф ја детронира Наоми Осака на Австралија Опен
Мелбурн, 24 јануари 2020 (МИА) - Тинејџерката Коко Гоф (САД) ја елиминираше минатогодишната шампионка Наоми Осака (Јапонија) во третото коло на Австралија опен. 15-годишната дебитантка на Мелбурн Парк, Гоф триумфираше против број 3 во шемата Осака со 6:3, 6:4 за 67 минути ира. Американката го зеде првиот сет со еден брејк во осмиот гем. Во вториот дел, двете разменија рано брејкови, но во седмиот гем, Гоф повторно победи на сервис на противничката, и тоа се покажа како пресудно. Јапонката немаше свој ден, правејќи 30 неизнудени грешки и освои само 33 проценти од поените на втор сервис. - Неверојатно е. Пред две години изгубив во првото коло кај јуниорките, а сега сум тука со жените и ја победив шампионката од минатата сезона. Јас го освоив првиот сет, остварив предност и во вториот. Сè уште не можам да верувам што се случува, прокоментира Гоф во своето интервју на теренот по натпреварот.

Остани поврзан