• сабота, 21 декември 2024

Сенаторот Тед Круз жали што заминал за Канкун и се врати во САД по лавината критики

Сенаторот Тед Круз жали што заминал за Канкун и се врати во САД по лавината критики

Вашингтон, 19 февруари 2021 (МИА) - Сенаторот од Тексас, Тед Круз, денеска посочи дека жали за патувањето во монденското летувалиште Канкун, Мексико, зошто заминал на одмор додека половина од неговата држава остана без струја и вода поради зимското невреме, а имаше и двеасеттина жртви. 

 Соочен со лавина од критки поради таквата одлука, тој се врати во САД само 24 часа по неговото заминување. Во изјвата по овој повод истакна дека патувањето во Канкун било испланирано во последен момент по барање на неговите две ќерки. 

 -Кога имаш две девојчиња дома, не одат на школо и седат дома без струја и ти побараат, зошто не заминеме некаде, сметам дека многу родители би го сториле истото, истакна Круз. 

Во обраќањето до јавноста тој, сепак, изрази жалење за таквата одлука, што предизвика лавина од критики низ социјаните мрежи. Додека големи делови од државата останаа без струја, а многу градови и без вода, поради смрзнатата електрична и водоводна мрежа, сенаторот одлучи да оди на летување. На Твитер се појавија хештази како „Круз Канкун“ или „Круз избега“.  

-Сметав дека ќе можам да работам од далечина, да можам на интернет да бидам ангажиран, на Зум. Но, откако видов дека ова станува се поголемо и се шири како пожар, решив да се вратам и да бидам овде, истакна тој. кб/сд/ 

Остани поврзан