• понеделник, 23 декември 2024

Семир Османагиќ: С Македонија е бисер на светската археолошка мапа, но мора да се заштити културно-историското богатство

Семир Османагиќ: С Македонија е бисер на светската археолошка мапа, но мора да се заштити културно-историското богатство
Скопје, 25 мај 2021 (МИА) - Истражувачот на пирамидални и мегалитни локации ширум светот и член на Руската академија на природни науки, Семир Османагиќ по шестдневната обиколка на важни археолошки подрачја во Северна Макеоднија со заклучок дека државава претставува бисер на светската архелошка мапа, но дека е потребна поголема заложба на граѓаните и институциите во делот на заштитата на културното и историското богатство. - Во последните шест дена посетив неколку важни локации во Македонија, ова е моја трета посета во која обиколив неколку значајни локации, имавме прилика да го посетиме прво Кокино, кое стана познато откако археологот Јовица Станковски објави вест дека постои праисториска мегалитна опсерваторија. Подоцна по големиот напад против него, сепак, тезите му беа потврдени, изјави Османагиќ на денешната прес-конференција одржана во Дом на култура „Кочо Рацин“. Тој истана дека Кокино е место во кое луѓето од неолитот пред илјада години правеле длабнатини на вулканските камења за да можат да го следат движењето на Сонцето, со што ги бележеле најважните датуми за почетокот на годишните времиња. - Во Кокино луѓето правеле длабнатини во вулкански камен за да ја прикажат положбата на Сонцето. Само по еден ден од годината може да го видите Сонцето како се вклопува во тие длабнатини, а веќе следниот ден се гледа само половина Сонце. Гледаме дека тие свесно ги обработувале вулканските камењата и го следеле циклусот на Сонцето. Поради тоа и ова откритие е генијално, ние мислиме дека некогаш во неолитот луѓето гледале само како да преживеат, но тие сепак биле софистицирана заедница, истакна Османагиќ. Тој заклучи дека има напредок во делот на обезбедувањето на Кокино, но дека нема водичи, нема флаери и нема информативни куќи, што според него е голем недостаток. - Во 2004 година НАСА објави дека тоа е меѓу петте најзначајни светски астрономски опсерватории од древните времиња, односно Кокино беше број четири, но по неколку години НАСА го повлече тоа мислење, како некој од горе да рекол, нека чекаат Балканот и Македонците. Не е време за чекање цела Македонија треба застане зад овие богатства, луѓето на тие процепи се качуваат се сликаат мора да се зајакне обезбедувањето, да се подобри инормирањето, заклучи Османагиќ. Друга значајна локација која успеал да ја посетил била Цоцев Камен во близина на Кокино. Тој рече дека тоа место на прв поглед изгледа обично, но дека е локација со перфектна ориентација кон четирите страни на светот. - Овде имаме вдлабнатина, за би се посматра движењето на Сонцето, астрономско место и календарско место, следствено на тоа ова има голема важност, која веројатно имала директна поврзаност со Кокино. Овие две места се од фантастично значење за туризмот и историјата на Македонија, потенцира Османагиќ. Овче Поле, пак, е третата локација на која е откриена некој вид на комуникација во времето на неолитот со вцртан знак. - Кога гледаме одозгора може да се види елипсоиден круг со вцртан знак, очигледно е дека е некој вид на комуникација, односно енергентски симбол. Ова е извонредно. Како некој знаел да препознае енергија на просторот, ние имаме апарати за мерење на нивото на енергија, во Скопје овие апарати мерат ниво околу 10 на скалата од 1 до 100, во село на отворено од 15 до 20, во Кокино 20, но на ова место е 40, што значи ова место е енергетски живо речиси како човекот. Во светот имам измерено само две или три ваквии локации, соопшти тој. Османагиќ додаде дека во минатото луѓето немале инструменти за мерење и компјутери, но дека многу подобро ја чувствувале енергијата во просторот. - Геоглиф кој се наоѓа во општина Свети Николе е најсилна енергетска локација во Македонија и се вбројува во најаките на светот, јас имам мерено од Јужна Африка до Америка, Египет, Израел, Турција, итн., што значи дека древните градители знаеле да направите правилна геометрија над енергетски површини, изјави Османвиќ. Понатаму тој ги посетил и Камените кукли, за кои рече дека се природни, за разлика од сличните монументи низ светот, како оние во Мексико, Костарика Нов Зеланд, Турција, Србија, Хрватска и други земји, кои главно се вештачки. - Патот не е означен воопшто, сепак најдобро уредени геолошка локација во Македонија се Камените кукли кои се наоѓаат на територија на Општина Кратово кои настанале од ерозија. Има одличен пристап, но нема вработени, нема никој да ја објасни локацијата. Мора Министерството за култура да вложи повеќе за објаснување на тоа што имате на своето подручје, заклучи тој. Ѓаволскиот ѕид е уште една многу важна историска локација од општина Свети Николе постојат, повеќе легенди, според Османовиќ, ова е интересна локација како геолоши феномен, а настанал од тектонски движења. - За ова доста се знае во светот, но воопшто не е означен нема пешачки патеки, нема водич, нема место за одмор, ова е простор во кој може луѓето да се повредат, истакна тој. Според него, овие локации покажуваат дека е потребна поголема поддршка од централните музеи и од Министерството за култура. - Ако толку тежнеете кон ЕУ во тој случај набавете и ИПА фондови, неопходно е да ги повикаме иннституциите да делуваат и да си го заштитат своето културно богатство, воедно наидовме на прекрасни ѕидови кои формираат еден воеден резервар, вакваа градба е карактеристична за Мексико, за Перу, а вие ја имате во срцето на државава, но е преполна со ѓубре. Ова се локации кои мора да ги заштитите, да обезбедите водичи, а не да давате само еден сиромашен фонд од 6.000 евра, оцени Османагиќ. Тој соопшти дека на друга локација наишле на дупки кои ги правеле крадците на злато во гробници. - Тие копале дупки и може да видиме убаво направени ѕидови. Според мене, овие се наравени во време на неолитот, поточно во раното камено доба, оваа градба не се наоѓа на археолошката мапа на Македонија и мислам дека би било добро да се објави дека се наоѓаат барем 10 ваквии објекти, изјави археологот. Тој заклучи дека државава е еден бисер на светската археолошка мапа, но изрази загриженост за информацијата дека планираната изградба на гасоводот Велес-Штип би уништила археолошка локација, што, според него, би била голема катастрофа. Инаку, на денешната прес-конференција одржана непосредно пред заминувањето на археологот од државава, тој истакна дека се планирани изработка на шест документарци, во кои ќе бидат вклучени Кокино, Ѓаволскиот ѕид и Камените кукли. На презентацијата исто така, беше присутен и Амбасадорот на Босна и Херцеговина во Скопје, кој соопшти дека се надева оти наскоро нема да бидат потребни ПЦР тестови за влез на македонските граѓани во оваа земја. свс/сп/

Остани поврзан