Семеду се приклучува на Вулверхемптон
- Дефанзивецот Нелсон Семедо е близу до заминување од Барселона. Дваесет и шестгодишниот Португалец е на прагот да потпише договор со Вулверхемптон, објави на Твитер новинарот Фабрицио Романо.

Рим, 20 септември 2020 (МИА) - Дефанзивецот Нелсон Семедо е близу до заминување од Барселона. Дваесет и шестгодишниот Португалец е на прагот да потпише договор со Вулверхемптон, објави на Твитер новинарот Фабрицио Романо.
Клубовите се договорија за условите на трансферот. Забележано е дека англискиот клуб наскоро ќе се договори за условите со самиот 26-годишен фудбалер.
Семедо се приклучи на Барселона во 2017 година. Минатата сезона во шпанското првенство тој учествуваше на 32 натпревари на кои постигна еден гол. зс/