Селтик прв пат по 17 години два пати поразен од Хартс
- Фудбалерите на Селтик испуштија можност да го прескокнат Глазгов Ренџерс на врвот на табелата во шкотското првенство, откако попладнево загубија на гостински терен од Хартс со 2-0.

Единбург, 3 март 2024 (МИА) – Фудбалерите на Селтик испуштија можност да го прескокнат Глазгов Ренџерс на врвот на табелата во шкотското првенство, откако попладнево загубија на гостински терен од Хартс со 2-0.
По вчерашниот пораз на Ренџерс од Мадервил (1-2), Селтик беше во можност со триумф да го заземе врвот на табелата, но откако во 13 минута не реализираше пенал, а подоцна остана и со играч помалку, домашниот тим дојде до победата со головите на Грант (43 минута, пенал) и Шанкленд (56).
За Хартс ова беше втора победа над Селтик сезонава, по триумфот од 2-0 во декември во Глазгов.
Последен пат Селтик претрпе два порази во иста сезона од тимот од Единбург пред 17 години.
Ренџерс и натаму води на табелата со 70 бодови, два повеќе од второпласираниот Селтик. ег ФОТО: Фејсбук