• понеделник, 23 декември 2024

Селекторот на Албанија, Силвињо доби албански пасош

Селекторот на Албанија, Силвињо доби албански пасош

Тирана, 22 мај 2024 (МИА) - Селекторот на албанската фудбалска репрезентација Силвио Мендез Кампос Јуниор од вчера е жител на градот Лушња, каде поднесе барање и по итна постапка му беше издаден албански пасош.

- По објавувањето на указот во декември минатата година од претседателот на Република Албанија, што му беше врачен на церемонија на крајот на годината од премиерот Еди Рама, вчера беше официјалниот ден кога Силвињо ги изврши сите правни дејствија за да стане граѓанин на Лушња, заедно со неговите помошници, Забалета и Дорива, објави Т„оп чанел“.

Додава дека Албанија сега ќе има селектор на репрезентација, Албанец од Лушња, но со бразилско потекло.

- Така, пред да заминеме за финалето на ЕП во Германија, можеме да кажеме дека за првпат ќе има селектор Албанец, заедно со нашата репрезентација која по вторпат оди во финалето на најголемото натпреварување на стариот континент, наведува телевизијата.

За Албанците ова е втор пласман на европското првенство откако пред седум години учествуваа во Франција.

За време на престојот во Љушња, Силвињо бил придружуван од Таулант Бала, министер за внатрешни работи. вт/зс/

Фото: ФБ Бала 

Остани поврзан