• среда, 27 ноември 2024

Селата Еднокуќево и Робово повеќе од два месеци немаат чиста вода за пиење

Селата Еднокуќево и Робово повеќе од два месеци немаат чиста вода за пиење

Струмица, 6 февруари 2024 (МИА) - Жителите на селата Еднокуќево и Робово во Општина Босилово повеќе од два месеци немат чиста вода за пиење. Заради неисправноста на водата тие се принудени да се снаоѓаат како знаат и умеат со купување вода за пиење или носење од соседните села.

Велат дека покрај тоа што водата не е употреблива за пиење, проблем е и доколку се користи за капење и готвење и задолжително треба да се преврива.

-Тие што можат се снаоѓаат, но тие што не можат, посебно постарите, мора да купуваат вода. За готвење и пиење некои се снаоѓаат од сопствените пумпи и хидрофорите кои ги имат во дворовите. Од Општината има соопштение дека водата не е за пиење, но никој не кажува кога повторно ќе можеме да ја користиме водата за пиење, велат дел од жителите со кои разговаравме.

Градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев, посочува дека проблемот со снабдување со чиста вода за пиење во селата Еднокуќево и Робово не е од вчера и дека се провлекува долги години.

-Проблемот со чистата вода се појавува само во овие две села, кои ја користат водата исто како и останатите населени места во Општината од системот „Иловица“. Според мене, проблемот е што нивните пумпи се приклучени на водоводниот систем и кога снемува вода се случува да се помешат водите од системот и од нивните пумпи и затоа не може да се пие, вели Манчев.

Според него, земени се примероци од водата за испитување на квалитетот, но додека не ги добијат резултатите од испитувањата ќе важи забраната за користење на водата за пиење.

Инаку, во селата Еднокуќево и Робово живеат околу илјади жители.рт/цр

Фото: МИА архива

Остани поврзан